Трамп: Израел и Судан ги нормализираат односите

25

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека Судан е трета арапска земја што постигна договор за нормализирање на дипломатските односи со Израел.

Претседателот Трамп објави дека Судан и Израел се согласија за нормализирање на односите, што е уште еден огромен чекор кон градење мир на Блискиот исток, откако уште една држава се приклучи на договорот Абрахам“, напиша портпаролот на Белата куќа, Џуд Дир на Твитер.

Објавата следеше откако Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп го известил американскиот Конгрес дека ќе го отстрани Судан од списокот земји кои го спонзорираат тероризмот.

Судан е трета арапска земја што ги нормализира односите со Израел, по Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, кои на 15 септември потпишаа договор со таа земја во Вашингтон.

Извор:МИА