Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша законот што го усвои Конгресот на САД за давање поддршка на демонстрантите во Хонг Конг и санкции кон кинеските власти.

Трамп ова го направи и покрај острите забелешки на Пекинг со кои инсистира да се постигне договор за завршување на трговската војна, јавија британските медиуми.

Американскиот претседател во вторникот изјави дека е зад демонстрантите во Хонг Конг. Тој на прес конференција кажа дека пораката на Вашингтон е „ ние сме зад нив“.