Трамп го обвини гувернерот на ЕЦБ за манипулација со курсот на еврото

217

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер го искритикува гувернерот на Европската централна Банка, Марио Драги, поради манипулација со курсот на еврото.

-Марио Драги штотуку објави можност од дополнителен стимул што предизвика пад на курсот на еврото во однос на доларот, овозможувајќи им полесно да конкурираат со САД, напиша Трамп по изјавата на гувернерот на ЕЦБ.

Американскиот претседател посочи дека „на Европјаните тоа им успева со години, исто како и на Кина и на другите“.

Драги денеска изјави дека ЕЦБ може повторно да ја омекне монетарно-кредитната политика и да ги намали каматите. Се разгледува и можноста од купување на активи, ако растот на цените не се врати до таргетот од 2 отсто.