Американскиот претседател Доналд Трамп нагло ја откажа прес-конференцијата и го напушти самитот на НАТО во Лондон. Непосредно пред тоа, за премиерот на Канада, Џастин Трудо, рече дека е дволичен.

 

Како што е познато, на интернет се појави видео на кое се слушаат светските лидери, меѓу кои и премиерите на Велика Британија и Канада, Борис Џонсон и Џастин Трудо, и францускиот претседател Емануел Макрон, како го озборуваат американскиот претседател Доналд Трамп на отворањето на НАТО-самитот во Лондон.