Трамп ги помеша Пулицерова и Нобелова награда, па го избриша твитот

49

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа критикувајќи ги новинарите на Твитер, ги помеша Пулицеровата и Нобеловата награда.

– Кога сите „репортери“, кои добија Нобелова награда за својата работа за Русија, Русија, Русија, само да би се покажало како целосно погрешно (и всушност другата страна е таа што изврши злосторства) да ги вратат своите скапоцени „Нобели“ за да можат да им бидат доделени на ПРАВИТЕ РЕОРТЕРИ И НОВИНАРИ, кои беа во право. Можам да му дадат на комитетото многу голем список, напиша Трамп на Твитер.

Тој и праша „Кога Нобеловиот комитет ќе ги ПОБАРА наградите назад, бидејќи се доделени поради измама“.

Нобеловата награда се доделува за физика, хемија, медицина, литература, мир и економија, додека Пулицеровата награда им се доделува на новинари. Неколку добитници на Пулицеровата награда за 2019 година го истражуваа раководењето на Трамп со државата.