Трамп ги повика Американците, технолошките компании, да помогнат во мирен трансфер на власта, без никакво насилство

49

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска ги повика „сите Американци“ да помогнат во „oлабавување на тензиите“, и мирен трансфер на власта, истакнувајќи дека не поддржува никакво насилство.

Во изјава за телевизијата „Фокс њуз“, тој повика да „нема никакво насилство, никакви нарушувања на законот и никаков вандализам од кој било вид“.

-Ова не е тоа за што јас се залагам, и не е тоа за што Америка се залага. Ги повикувам сите Американци да помогнат во намалување на тензиите и смирување на страстите, истакна Трамп.

Советник од Белата куќа додава дека оттаму ќе испратат слична порака, и ќе се обидат да ја прошират низ сите официјални профили на Трамп на социјалните мрежи. Советникот додава дека претседателот порачува Американците да му се придружат во мирен и законски трансфер на власта идната недела.

-Претседателот исто така ги повикува големите технолошки компании да го поддржат во овој напор, изјави советникот.

Пораките на Трамп за смирување на тензиите во САД доаѓаат во време кога Претставничкиот дом расправа за негово отповикување, второ по ред во мандатот на Трамп, откако насилна толпа негови поддржувачи минатата недела упадна во Конгресот, при што загинаа двајца полицајци и тројца цивили.

Извор:МИА