Традиционален натпревар во јадење млад кромид во Каталонија: Победникот изел 192 парчиња, а не ни заплакал/видео

50

Во градот Валс во Шпанија се одржа натпреварот во јадење кромид.

Тоа е годишен фестивал наречен „Gran Festa de la Calcotada de Valls“. Фестивалот го носи името на еден вид млад кромид, а целта на натпреварот е учесниците за 45 минути да изедат што повеќе кромид.

Победник на овогодинешниот натпревар беше Дејвид Мартин од Тарагона.

Изеде 192 глави, а ова му е второ учество и прва победа. Пред две години беше втор, но очигледно е дека вежбаше и се подготвуваше за ова.

Овој настан е каталонска традиција која датира од 19 век.