Трагедија: Познатиот пејач од Гранд продукција и “Ѕвездата на Гранд“ Драгиша Митиќ Гиле изврши самоубиство пред два дена во родното место Кничанин, кај Тител, Србија.
Како што се наведува, Гиле дигнал рака на себе поради финансиски долгови, а зад себе оставил сопруга и два сина.

Него обесен, во старата куќа во која некогаш живееле неговите родители, го пронашол родениот брат.
Гиле се убил поради парите кои ги должеше на лихварите. Каматата растеше од ден во ден, а тој немаше приходи. Поради короната не настапуваше, концертите му биле откажани, а и жена му останала без работа од истата корона причина, рекол извор близок на семејството.

Србија за жал и понатаму не успева да им стави крај на лихварите, впрочем како и многу други балкански држави кои го имаат истиот проблем, особено во ова време-невреме.

Како што рекол изворот на информациите, сопругата на несреќниот пејач се занимавала со украсување на простор за славење, а како и тие се откажани поради пандемијата, така и таа останала без пари за живот.
Гиле е инаку татко на два сина, од кои едниот неодамна заврши средно училиште. Пејачот се задолжил кај лихварите, бидејќи во банката, како невработен, не можел да подигне кредит.Овој тажен настан ја потресе српската естрада, а воедно и неговите колеги кои се дел од жирито во “Ѕвездите на Гранд“: Карлеуша, Ана Бекута, Марија Шерифовиќ….