Трагедија на ролеркостер во забавен парк во Германија: Повредени 34 лица

894

Два воза на тобоган се судрија во четвртокот во забавен парк во јужна Германија, при што беа повредени најмалку 34 лица, од кои двајца потешко, објавија германските медиуми.

Еден воз на тобоганот силно закочил, а другиот се судрил со него во паркот Леголанд во Генцбург, јави германската новинска агенција ДПА. На местото на настанот се испратени три хеликоптери, а на помош биле повикани и противпожарните и спасувачките служби.

Засега не е јасно како можела да се случи несреќата, изјави за ДПА портпаролот на забавниот парк.

Минатата недела, една жена загина во уште една несреќа на тобоган во забавен парк во Клотен, југозападна Германија. 57-годишната жена испаднала од тобоганот додека се движела и починала од повредите.

Причината за несреќата сѐ уште не е утврдена.