ТРАГЕДИЈА ВО СРБИЈА: Осмоодделенец си го одзеде животот на крај од часот пред своите врсници

4176

Учениците од Основното училиште „Жарко Зрењанин“ во Качарево кај Панчево се во целосен шок откако денеска нивниот врсник настрадал кога скокнал од вториот кат во училиштето.

Како што изјави за Нова.рс мајката на еден од учениците од основното училиште „Жарко Зрењанин“, децата биле во шок и врескале кога се случила трагедијата, а во училиштето нема да има настава до крајот на оваа недела.

„Тој е од друго одделение. Слушнавме дека нешто се случило. Погледнав низ прозорецот и го видов како лежи на тревата. Потоа дојдоа инспекторите и брзата помош. Рано нè пуштија од училиште. Најлошо ми е што не знам како ќе ја избришам таа слика од мојата глава“, вели еден ученик од училиштето за Нова.рс.

Момчето било мирно до крајот на часот, а кога заѕвонило ѕвончето, според приказната на неговите соученици, прво скокнал на клупата, а потоа скокнал низ прозорецот.

Како што неофицијално дознаваме, телото е испратено во Институтот за судска медицина каде треба да се изврши обдукција.

Како што пренесуваат српските медиуми, таткото на убиеното момче подолго време бил отсутен од домот, порадди работа во странство.