Трагедија во Серес:Загина ученик по експлозија во просторија за управување со системот за парно греење во основно училиште

80

Ученик го загуби животот, а двајца се полесно повредени по експлозија во просторија за управување со системот за парно греење во основно училиште во грчкиот град Серес, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации несреќата се случила откако од експлозијата, врата паднала врз ученици.

Смртта на ученикот ја потврдија и Министерствата за внатрешни работи и за образование преку заедничкото соопштение во кое изразија жалење за трагичната загуба и истакнаа дека се во континуиран контакт со надлежната општина за расчистување на несреќата, но и дека ќе сторат се што е во нивна можност за откривање на причините и одговорноста