Трагедија во Kентаки: Еден ученик загинал, двајца се повредени додека чекале школски автобус

48

Во пукање од автомобил во движење денеска на автобуска постројка во Луисвил, Кентаки, бил убиен малолетник, а други две деца се ранети, јави Си-ен-ен. 

Пукањето се случилo во раните утрински часови додека децата чекале школски автобус. Малолетникот бил однесен во болницатa Луисвил каде било утврдено дека е починат. Второто дете со повреди вон животна опасност било однесено во друга болница, а на ученичка, третата жртва, и била пружена помош на лице место.    

Во низа од твитови, полицијата го потврди настанот и соопшти дека работи на случајот и на утврдување на сторителите.