ТРАГЕДИЈА: Актерот Алек Болдвин ја застрела директорката на фотографија и го рани режисерот на филмски сет

455

Холивудскиот актер Алек Болдвин пукал од реплика пиштол на филмски сет во Ново Мексико, при што ја застрела директорката на фотографија Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел Соуза, соопштија локалните власти.

Смртоносниот инцидент се случил за време на снимањето на независниот игран филм „Rust“, ​​соопшти канцеларијата на шерифот на областа Санта Фе.

Од канцеларијата на шерифот потврдуваат дека за време на снимањето на филмот биле застрелани две лица. Халина Хачинс (42), директор за фотографија и Џоел Соуза (48), режисер, беа застрелани кога Алек Болдвин (68), продуцент и актер, испукал од огнено оружје“, се вели во соопштението на полицијата.