Тој бараше причина да ми покаже жолт картон

80

Капитенот на Барселона, Лионел Меси беше незадоволен од работата на судијата Хајме Латре на натпреварот од 29. коло во Ла Лига против Ваљадолид (1:0).

Доколку Аргентинецот добиеше жолт картон на овој меч, ќе го пропуштеше дербито со Реал во следното коло. Во истата ситуација беше и играчот за врска на Барса, Френки де Јонг.

Камерите на телевизијата „Мовистар +“ ги овековечија зборовите на Меси за работата на судијата, упатени до делегатот Карлес Навал:

  • Тој бара изговор да ми ја покаже картон. Бууу, неверојатно, реагираше Меси.

Натпреварот Реал Мадрид – Барселона е закажан за 10 април.