Освен како личност, беше исклучителна музичка појава. Да останеше жив, Македонија ќе ја имаше првата вистинска светска музичка ѕвезда во рамките на Хулио Инглесијас, Род Стујуарт, Рики Мартини, Доменико Модуњо, Роби Вилијамс, Том Џонс, Џорџ Мајкл или Ерос Рамацоти… За жал, многу прерано замина во вечноста загинувајќи во стравична сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година. Дека сепак е светска ѕвезда, потврдува и тоа дека Тоше веќе во 2004 година бил прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ!

Да беше жив македонската музичка легенда Тодор Тоше Проески оваа година, на денешен ден понеделник на 25 јануари, ќе го славеше својот јубилеен 40-ти роденден. Наместо радост, тага во срцата на секој од нас. И само пусти сеќавања….
Тодор Тоше Проески е роден во градот Прилеп. Потекнува до православно влашко семејство, чие постојано живеалиште било (и останало) малото планинско место Крушево. Музичкото образование го стекнува во музичко училиште во Битола и на Музичката академија во Скопје.

Првите почетоци на музички план Тоше Проески ги прави уште во раното детство настапувајќи на детскиот фестивал „Златно славејче“ во 1992 година со песната „Јас и мојот дедо“, песна испеана на влашки јазик. Странците, а тука мислиме нели пред сè на поранешните југословенски простори, веднаш го доживуваат како заштитен знак на Македонија. Проески својата музичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната Yesterday,од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме во 1997 година и Остани до крај во 1998, а тука се и: Твоите бакнежи на моите бели кошули, Сонце во твоите руси коси, подоцна и Volim osmijeh tvoj, дуетот со Тони Цетински Лагала нас мала и дует со поп-ѕвездата Гоца Тржан.

Дури и на фестивалот “Сан Ремо“ ќе ја славеше победата

Освен со македонски, соработувал и со многу познати странски и ексјугословенски композитори и текстописци: Џеф Бек, Григор Копров, Огнен Неделковски, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Ања Рупел…. На неговиот мегаконцерт во белградската “Арена“ пред 30 илјади луѓе како специјална гостинка настапи победничката од фестивалот “Сан Ремо“, Џана Нанини (Гианна Наннини).

Тој и таму да пееше на тој славен фестивал, ќе победеше. Во тоа сите се убедени. На белградскиот концерт пееше воглавно на македонски јазик, а се смета за врв на неговите концертни солистички настапи, вклучувајќи го и концертот на скопскиот Градски стадион.
За врвот на неговата куса, но богата кариера, (освен Евровизискиот настап) многумина ја сметаат победата на српската “Беовизија“ со песната Чија си, која и денес се слуша, а потпишана од авторскиот тандем Леонтина Вукомановиќ и Жељко Јоксимовиќ.

Значењето на победата на Тоше во српската метропола која за секој пејач е отскочна даска за меѓународни успеси е потполно рамна на победата на Сплитскиот или Опатискиот фестивал (во некогашната Југославија). Особено поради тоа што на тој фестивал во Белград настапија мошне популарни ексјугословенски ѕвезди. Искачувајќи се на сцената, уште еднаш да ја отпее победничката песна Чија си, Тоше Проески не пропушти прилика да ја спомне својата родна земја Македонија, истакнувајќи дека е голем патриот добивајќи огромен аплауз во белградскиот “Сава-центар“.

Беше исклучителна музичка појава. И како личност. Да останеше жив Македонија ќе ја имаше првата вистинска светска музичка ѕвезда, како што велат критичарите, во рамките на Хулио Инглесијас, Род Стујуарт, Рики Мартини, Доменико Модуњо, Роби Вилијамс, Том Џонс, Џорџ Мајкл или Ерос Рамацоти… За жал, многу прерано замина во вечноста загинувајќи во стравична сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година. Тоше во 2004 година бил прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ.
Постхумно бил прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, бил прогласен за Ден на национална жалост.

Миса за Тоше во Загреб

А, вчера токму по повод 40-те роденденски години на нашиот никогаш непрежален ангел, во Загреб во Хрватска, со Светата миса во капелата “Кај Паркот на Роко“ се одбележаа сеќавањата на Тоше, за што јавуваат скоро сите медиуми. И тоа како итна вест! Со присуство на многу голем број обожаватели на неговата песна, голем број негови вистински фанови, нешто што можеме да гледаме само кај Елвис Присли, кога се одбележува исто така датумот на неговото раѓање. Тоа се случува и на денот на раѓањето на македонската музичка икона со која ни останува да се гордееме за сите времиња.
Дуле Миќиќ/фото:ФБ-Јутјуб-Инстаграм

(Фото:“Македонски магазин СВЕТ“)

Менаџерката Љиљана Петровиќ: Секој јануари и секој октомври не сум расположена, јас сум тажна

Долгогодишната менаџерка на Тоше, Љиљана Петровиќ, и овој 25 јануари запали свеќа во некоја од црквите во Ниш, градот во кој остана да живее по трагедијата на никогаш прежалениот пејач, за кој знаеше често да каже дека и беше и како син, а не само соработник.
– Се чувствувам лошо, не сум добро. Веројатно тагата го прави своето. Секој јануари и секој октомври не сум расположена. И така секоја година по ред. Изгубив дете, не само човек со кој имав и јас успеси во музиката. Тажна сум – вели некогашната менаџерка Петровиќ, која сега во околината на Ниш работи со плантажи на лаванда. –Тоше и јас работевме толку многу и толку многу со љубов што во тие години од нашата соработка бевме неразделни, делевме ден и ноќ и секој момент. Дури добив од него и прекар, ме викаше “Биберче“.

Ги чувам сите подароци од него, тие ми се омилени, мое непроценливо богатство. Нашите фотографии каде сме насмеани стојат на ѕидот. Тука е и онаа фотографија од неговиот последен роденден на која сум со него прегрната покрај торта-автомобил. Среќни и весели. Го сакам и чувам неговиот часовник што тој ми го подари за мојот роденден, за последен пат, раскажа емотивно Љиљана.