Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстон, изјави дека возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, би можел да го загуби договорот со тимот доколку не  покаже незадоволство од досегашните резултати.

Оваа сезона е тешка за Мерцедес, кој поради полош болид е зад Ред Бул и Ферари во шампионатот, а седумкратниот светски шампион Хамилтон не е меѓу најдобрите. Неговиот нов тимски колега Џорџ Расел постигнува подобри резултати, во првите десет трки заврши меѓу првите пет и го зазеде четвртото место во шампионатот.

Еклстон не е воодушевен од настапите на Хамилтон и смета дека директорот на Мерцедес, Тото Волф, ќе го загуби трпението и дека договорот со рекордерот по бројот на победи во Формула 1 ќе му биде предвреме раскинат.

  • Луис можеби ќе ја продаде својата позиција на Тото – „Добивам толку што е недоволно. Затоа ќе си одиш и ќе ми дадеш половина од она што би го добил“. Тото тогаш може да направи една од неговите магични зделки, да понуди некому помалку пари и да задржи 20 милиони фунти – изјави Еклстон за „Дејли мејл“.

Тој изјави и дека е изненаден од формата на Џорџ Расел, кој сезонава во три наврати избори место на подиумот.

  • Не мислев дека Расел е толку добар, но заврши одлична работа. Изненаден сум. Или само Луис прави лоша работа? Можеби и двете. Тото е малку уморен од Луис. Не мислам дека (Луис) се обидува, нели? Ајде, поинаку кажано – Мислам дека на Луис не му е грижа кога ќе загуби, изјави 91-годишниот Еклстон.

Тој смета дека надворешните фактори, како спонзорските договори, го одвлекуваат вниманието на Хамилтон.

  • Не знам зошто ја носи таа смешна облека. Дали има договор за тоа? Дали тоа го прави за да биде забележан? Можеби тоа е тоа, додаде Еклстон.

Еклстон сака да го види Хамилтон да работи понапорно и како поискусен возач да биде пример за 13 години помладиот Расел.

  • Ова не личи на него. Неговата природа е натпреварувачка, но за мојот вкус, тој премногу лесно ги прифаќа поразите. Мислам дека не му помага активно на Џорџ. Мислам дека не прави ништо. Мислам дека не му е грижа премногу. Тој не е подготвен да се потруди да победи, како што правеше порано, смета Еклстон.

По минатогодишниот контроверзен исход од борбата за шампионската титула во Формула 1, кога поради лошите одлуки на стјуардите на трката, последната во сезоната во Абу Даби, Макс Верстапен во последниот круг го престигна Хамилтон и ја освои титулата. Тогаш се шпекулираше дека Британецот ќе ја заврши кариерата. Хамилтон тогаш се обидуваше да ја освои рекордната осма шампионска титула, а возачот на Ред Бул ја освои првата. По таа трка, Хамилтон два месеца се повлече од јавноста, но се врати пред претсезонското тестирање на болидот.