Легендарниот играч на Рома и италијанскиот фудбал, Франческо Тоти, по речиси две децении во брак се разведува од сопругата Илари Блази.

Врската помеѓу легендарниот фудбалер и познатата ТВ-водителка подолг период беше во криза, а конечно дојде и потврдата за она што се шпекулираше. Куќата во која живееле досега ќе ѝ припадне на Блази, а трите деца Кристијан, Шанел и Изабел ќе продолжат да живеат со својата мајка.

Од друга страна, легендарниот капитен на Рома нема да биде сам бидејќи веднаш ќари нова лепотица. Италијанските медиуми со денови пишуваат дека Неоми Боки веќе го освоила срцето на Тоти. Така, магазинот „Чи“ ја објави приказна дека Тоти бил во домот на новата девојка додека сè уште бил во брак со Илари.

Тоти и Ноеми долго време се криеле од јавноста, а беа заедно на некои натпревари на Рома, поточно на стадионот „Олимпико“ ги делеа само неколку редови.

Инаку, Ноеми има две деца, а интересно е тоа што премногу личи на поранешната сопруга на познатиот фудбалер.

Се шпекулира и дека Илари му била неверна на Тоти со оглед на тоа што наводно „го изгубила умот“ поради помладото момче, а се ескалирало кога поранешниот капитен на „волчицата“ прочитал неколку пораки од мобилниот телефон на поранешната сопруга.

Франческо Тоти е жива легенда на Рома. „Принцот од Рим“ целата своја кариера ја помина во Рома, од 1992 до 2017 година. Тој одигра 619 натпревари и постигна 250 голови. Одби многу понуди да се пресели во други клубови.