Тотенхем закасни за Ботман

67

Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на холандскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на Лил, Свен Ботман. Централниот дефанзивец е проценет на околу 30 мил. евра, а според француските медиуми, и покрај големиот интерес на Тотенхем и на Њукасл, репрезентативецот на Холандија најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во редовите на калчо гигантот Милан.