Тортевски: Противкандидатите трошат огромна сума народни пари, а предизборните флаери се фрлаат насекаде

43

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Твоја партија, Александар Тортевски денеска упати критики до неговите опоненти, посочувајќи дека „трошат огромна сума народни пари и ја нарушуваат хигиената на градот со предизборните печатени материјали“.

„Сакам да дадам едно кратко резиме на досегашниот тек на кампањата, тоа што го забележувам е огромно трошење народни пари од страна на моите противкандидати и би рекол и незаконско трошење. Повеќе од очигледно е парите што ВМРО-ДПМНЕ ги добива од државата и граѓаните, ги користи за финансирање на кандидат којшто е наводно независен“, рече Тортевски.

Тој го повика неговите противкандидати да внимаваат на хигиената во градот.

„Другите кандидати би ги повикал да водат сметка за хигиената на градот. Градот е преполн со флаери, влезовите, околу контејнерите… Очигледно се фрлаат огромни количини на хартија, што воопшто не зборува добро за сите кандидати“, истакна Тортевски.

(И.С.)