Екипата на Голден стејт своето петто НБА финале ќе го започне без две од петте најголеми ѕвезди во тимот, но и нивниот противник нестрпливо го исчекува враќањето на својот важен кошаркар. ОГ Ануноби не е ниту од близу прославено има како што се Кевин Дурант и Демаркус Казинс, но и тоа како е важен играч за играта која ја негува тимот на Торонто.

Нигериецот е роден во Лондон, а израсна во САД, чие целосно име му е Огугуа. Тој воопшто не беше дел од ростерот во годинешното доигрување бидејќи мораше да оди на итна операција поради проблеми со слепо црево. Минатата недела започна со лесни тренинзи, а пред шестиот натпревар против Милвоки, за првпат беше го одработи загревањето со тимот.

Идентично како и „воините“ во случајот со Дурант и Казинс, така и „репторси“ веруваат дека во некоја фаза од финалната серија ќе биде целосно подготвен за враќање на терен. Ануноби беше 23. пик на драфтот во 2017 година, а според неговата статистика може да се каже дека се работи за одличен дефанзивен играч, кој би им бил неопходен во дуелот е против шутерскиот тим на Голден стејт. Заедно со Каваи Ленард, Паскал Сиакам и Серж Ибака може да биде клучна алка во походот кон титулата, но за се прво се прашува бранителот на титулата, кој е предводен од неуморниот Стеф Кари и „снајперот“ Клеј Томпсон.

Финалната серија стартува во петок наутро (три часот). Вториот меч ќе се одигра во недела, исто така во Торонто, а потоа серијата се сели во Окланд, каде ќе се одигра и евентуалниот шести меч, додека петтиот и можната мајсторка ќе бидат во Канада.