Торнадо-монструм директно удри во Мисури – последиците катастрофални

166

Стравотно торнадо е потврдено дека го погодило Џеферсон Сити во Мисури, САД. Националната метеоролошка служба ги предупреди жителите во таа област веднаш да најдат засолниште.

Градоначалникот Кери Терџин издаде наредба за евакуација на домовите и аеродромот.

Според метеоролошката служба, торнадото предизвикало огромна штета, објави Дејли мејл.

Според непотврдени извори, има и голем број жртви, а има и многу повредени.

Дел од ителите се заробени под урнатините на нивните домови, а пожарникарите се обидуваат да ги извлечат.

Струја нема во поголемиот дел од градот, а улиците се речиси непроодни од остатоци од дрвја и бетонски блокови и друг градежен материјал.

Властите потврдија дека неколку поголеми згради се урнале.