ТОП 10 гафови на политичари – Заев шампион!

994

Изминатата година повторно беше прилично активна на македонската политичка сцена. Брзото темпо на политичарите многу често е причина за нивни неумесни гестови и изјави, кои не можат да побегнат од очите на јавноста. Ние издвоивме топ 10 гафови за оваа година. Меѓу другото, годината ја одбележа и скандалот на премиерот Зоран Заев и неговиот кабинет со руските пранкери Вован (Владимир Кузњецов) и Лексус (Алексеј Столјаров) кои објавија три телефонски разговори меѓу, наводно, поранешниот претседател Петро Порошенко и македонскиот премиер Зоран Заев.

 

  1. Заев: Јас сум Зоран Заев, од село Муртино, Струмичко. Некои ме викаат Зајче, нема проблем… Викаа едно зајченце рипка од тамо до тамо, на крајот ја пееја Зајченце, мило зајченце.

2. Заев: Конечно да избереме претседател, да поставиме кормило, да ставиме сидро коешто ќе влече напред, ќе оди со позасилено темпо.

3. Заев: Замислете, ја мажите својата ќерка во богата фамилија, но имате приговор дека ќе ѝ бил сменет идентитетот, односно ќе ѝ било додадено уште едно име. Не е тоа промена, повторно е тоа истата ќерка…

4. Заев: Ако баклавата е изедена, тепсијта стоо

5. Заев: Нашата земја како школка се отвора пред Европа, а бисерот од нејзе почнува силно да сјае

6. Зоран Заев: Еве не бидна датумот, и што дека не бидна датумот? Мисли дека тоа ќе го донесе на власт? Мало сутра!

7. Пендаровски до Борисов: Љубави, имаш поздрав од Зоки!

8. Гордана Силјановска Давкова: Почитувани кавадарчани, еве дојде…Силјановска им се обрати на присутните во Неготино на нејзиниот митинг во овој град пред претседателските избори. Истиот гаф таа го повтори и на митингот во Кочани, кога овој град го помеша со Кичево.

Петре Шилегов: Јас алкохол многу ретко пијам. А секоја втора пијандура во оваа 9. држава мене ме вика пијандура.

10. Ѓорчев до Заев: Дечко, намали со печурките!