Совршена слатка која може да ја јаде секој. Здрава е и вкусна, може да се консумира и во време на пости, а одлична е и за оние кои се на веганска исхрана. Нема да ви замерат ниту гостите, ако ги послужите со овие вкусни топчиња од фстаци.

За подготовка ќе ви бидат потребни следните состојки:

200 грама ф’стаци

70 грама бадеми

300 грама урми без семки

кора од половина портокал

половина лажичка цимет

сок од портокал (една лажица)

Ф’стаците сомелете ги што е можно поситно. Од вкупната смеса, одвојте 50 грама за валкање, а во остатокот додадете ги бадемите и продолжете со мелење. Потоа додадете ги останатите состојки и продолжете да мелете додека не се направи смеса која ќе биде добра за обликување на топчиња. Со лажица вадете од смесата, а со навлажнети раце обликувајте топчиња, кои ќе ги валкате во мелени ф’стаци.

Пријатно!