Топеле кабли кај фабриката „Треска“, интервенираа пожарникари

142

Пожарникари со едно возило на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје вечерва интервенирале во кругот на поранешната фабрика за мебел „Треска“, откако граѓани пријавиле дека од фабричката хала се шири црн чад, објави Мета

Од противпожарната бригада објасниле дека „тоа што сега се гледа како чад е само од испарувањето“, а на местото дошла и втора екипа која контролира дали повторно ќе се појави оган.

Претходно граѓани од околината пријавиле во Противпожарната бригада, но им било речено дека чадот е од тоа што непознати лица „топеле кабли на куп” и дека нема потреба да се грижат за чадот.