Хрватскиот пејач Тони Цетински на денешниот ден не го заборави својот драг колега и пријател Тоше Проески кој денеска ќе полнеше 41.година. Тој повод Тони го одбележа со емотивни зборови.

„Среќен роденден, Тоше! Запејте ти и Аки повторно онака од длабочината на душата со вашите прекрасни гласови „Јесен у мени“. Ве сакаме засекогаш“ – напиша тони Цетински на Инстаграм.

Во објавата, Цетински има колаж од неговите фотографии со Тоше во облик на буквата „Т“ со уште една посебна порака:

„Засекогаш твои, потпишуваме“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tony Cetinski⭐️ (@tonicetinski)