Тони Цетински во Белград, запеа и заплака за нашиот Тоше

434

И ако хрватскиот пејач кој е по потекло од Истра, Тони Цетински одржа успешен концерт пред полн стадион “Ташмајдан“ во Белград, тој најмногу бисеви собра кога ја отпеа хит песната “23-ти просинац“. Песната ја пееше во спомен на нашата музичка легенда Тоше Проески. Многумина од неговите фанови плачеле и пееле, со што предизвикаа солзи и кај самиот Тони, кој на Тоше му беше голем другар. Инаку, Тоше и Тони на времето ја имаат снимено дуетската песна “Лагала нас мала“. Тоа е хит кој го знае многу добро целата поранешна Југославија, а се роди на иницијативата на поранешната менаџерка на Тоше, Љиљана Петровиќ која имаше одличен осет за тоа дека песната ќе успее, ќе биде слушана кај сите генерации. Така и беше.  Д.М.