Шпанскиот тениски тренер Тони Надал, гостуваше во емисијата на прославениот шведски тенисер Матс Виландер, односно се вклучи во дебатата кој е најдобриот играч на сите времиња.

Чичкото на моментно вториот тенисер во светот Рафаел Надал, но и негов поранешен тренер немаше дилеми дека најдобар на сите времиња е Швајцарецот Роже Федерер. Шпанецот  се обиде и да објасни зашто токму 20 – от грен слем шампион е најдобар на сите времиња.

-Тој е одличен играч. Сакам да го гледам како игра. Додека бев тренер на Рафаел Надал, нормално дека сакав да го победиме во сите натпревари. Го сакам начинот на кој тој игра, затоа што неговиот стил на игра е многу елегантен, а сепак продуктивен. Сигурен сум дека Федерер е најдбориот тенисер на сите времиња, изјави Тони, кој исто така го проектираше и совршениот играч.

Тој го избр сервисот и волејот на Федерер, но не беше најодлучен кога во прашање е форхендот, се двоумеше меѓу Швајцарецот и неговиот поранешен пулен Рафаел Надал. Нормално, тој го избра бехендот  на Ѓоковиќ, а кога станва збор за движење и ментална сила ги спои Рафа и Новак.