Тони Зен во својот „Клуб“ – со потенцијален хит, певлива приказна за животот во кризата

130

Македонскиот музичар Тони Зен по подолга пауза излезе од дома и влезе директно во „Клубот“. Некако така би можеле да ја парафразираме неговата најнова песна, најнов потенцијален македонски хит. Во времето на оваа светска криза некако најдобро поминуваат песните од овој тип кои раскажуваат за вистинскиот живот.  „Клубот“ е токму таква, моќна, емотивна и енергична… онаква каква што неговите фанови впрочем и очекуваа од него.

Таква „револуционерна“ песна нестрпливо се очекуваше од човекот кој секогаш беше предизвик за публиката, за неговите фанови, но и за новинарите. Токму тие се стискаа од голема љубопитност да бидат присутни во во „Cineplexx Skopje City Mall“ на промоцијата на „Клубот“. И, ете имаа зошто! Тој најскриено ја искажа својата радост што повторно застанува на нозе со микрофон во раце.

-Приказната започна со Иле, пото продолжи со Ики и Нино, објасни Зен на промоцијата, Со истите луѓе соработувам долги години. Во зависност од прокетите, се менува само мал дел од екипата. За ова музичко дело ми помогнаа луѓе кои верувам дека ќе го движат светот напред. Ми беше предизвик да работам со нив. Мое поќитување за сите кои покажаа интерес за мојата нова песна. Многу ми значевте во овој тежок период од животот, сликовито објасни Тони.(Д.М.)