По патот на Мирко Алиловиќ, Роланд Миклер, Борут Мачковчек… ќе тргне и норвешкиот ракометен репрезентативец Кент Робин Тонесен, отккао во следната сезона дресот на Веспрем ќе го замени со оној на ПИК Сегед.

Заради честите повреди Тонесен не ги оправда очекувањата на унгарскиот шампион и затоа ќе се пресели во Сегед. Тој претходно играше за Савехов, Вецлар и Фуксе Берлин. Во Сегед ќе дојде на местото на Чехот Станислав Кашперек, кој го напушти клубот. Прва опција на тренерот Хуан Карлос Пастор на оваа позиција е Лука Степанчиќ.