Тонали не е за продажба

64

Сандро Тонали, најдобриот играч во дресот на новиот член на италијанската Серија А, тимот на Бреша, важи за голема желба на најтрофејните клубови на Апенинскиот Полуостров.

Италијанските медиуми открија дека понуда за услугите на Тонали веќе подготвуваат раководните лица на Милан, Интер, Јувентус и на Рома. Иако, заинтересираните клубови се подготвени да одвојат околу 40 мил. евра за обесштетувањето на 19-годишниот играч за врска, челниците на Бреша потврдија дека Тонали нема да биде продаден за време на летниот преоден рок.