Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, изјави дека прави максимални напори спортистите со руски и со белоруски пасош да се вратат на интернационалната сцена.

  • Правиме максимални напори да ја исполниме мисијата, да го спроведеме предлогот на Олимпиското движење за враќање на спортистите со руски и белоруски пасоши на меѓународни натпревари. Во близок контакт сме и разменуваме мислења со меѓународните федерации кои во моментов се задолжени за натпреварувањето. Многу се надеваме дека оваа мисија може да се изврши под условите што се дефинирани спортистите од овие две земји да се натпреваруваат неутрално и навистина да го обединиме целиот свет со Олимписките игри во Париз, изјави Бах.