Толку од Немања Матиќ

172

Српскиот интернационалец од редовите на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, и официјално потврди дека ќе ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.

Матиќ на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч и поради таквата ситуација челниците на Јунајтед сакаат да го продадат веќе во јануари. Искусниот играч е проценет на околу 10 мил. евра, а најголем интерес за неговите услуги покажа италијанскиот калчо гигант Интер.