Толку од Лука Јовиќ

190

Близок извор до таборот на италијанскиот калчо гигант Милан откри дека клупските челници повеќе не се заинтересирани за услугите на српскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Реал (М), Лука Јовиќ. Младиот напаѓач беше прва желба на „росонерите“, но поради одличните игри на Златан Ибрахимовиќ, клупските челници сега се фокусирани само на продолжувањто на соработката со шведскиот интернационалец кој има одлична соработка со Анте Ребиќ и Рафаел Леао.