Токсичен облак се шири над Леверкузен по експлозијата/ВИДЕО

121

Силна експлозија го погоди утреово подрачјето на германскиот град Леверкузен, во кој се наоѓа и хемискиот концерн Баер. Едно лице загина, 31 се повредени од кои петмина потешко, а четири лица се исчезнати и се уште трае потрагата по нив.

Експлозијата која сеизмографите ја регистрираа на оддалеченост од 40 километри, предизвика облак од токсичен чад што се шири над Леверкузен. Жителите се предупредени да ги затворат прозорците, да не излегуваат надвор и да не јадат овошје и зеленчук од градините. Затворени се детските игралишта бидејќи мерењата покажуваат големо загадување во „зелената зона“, обjавија локалните власти.

Аларм за предупредување е изададен и за 60 километри оддалечениот Дортмунд. Причината за експлозијата во погоните за спалување отпад засега е непозната.

Полицијата во Леверкузен го затвори и блискиот автопат и ги повика граѓаните да ги користат споредните патишта, а главните сообраќајници да ги ослободат за противпожарните и за службите за брза помош.