Токму она што е потребно за јакнење на имунитетот: Лута чорба од домати

227

Употребете некоја од последните тегли доматен сос од зимницата и уживајте во топла супа со вкус на здравје и спомени за летните денови. Таман доволно чили да ве разбуди од летаргијата и инертноста наметнати од изолацијата.

Потребно е:

  • 2-3 лажици масло
  • ½ главица ситно исечкан кромид
  • Лист лорбер
  • 500 мл варен домат
  • 800 мл вода
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажичe мелен зачински зеленчук
  • 1 лажиче ситно сечкан рузмарин
  • ½ лажиче мелен лут црвен пипер
  • ½ лажиче кафеав шеќер
  • 50 г ситни тестенини

Приготвување:

На загреано масло пропржете ситно исечкан кромид и лист лорбер, додека да омекне малку кромидот. Налејте го варениот доматен сос, додадете вода, покријте го тенџерето и почекајте чорбата да проврие.

Во провриената чорба додадете ги сите останати зачини, па промешајте.

Додадете ги тестенините и варете десетина минути или додека да омекнат, ама внимавајте да останат „ал денте“.

Сервирајте ја чорбата топла.