Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров, потпиша нов договор со романска Крајова. Договорот ќе биде за плус уште една година, откако во романскиот тим работи и во изминативе две сезони.

Тодоров во минатото беше тренер на МЗТ Скопје, а ги водеше и Чукурова, Рилски Спортист, Балкан Ботевград, Пеќ и Динамо Букурешт.

На клупата на репрезентацијата Тодоров дебитираше во февруари оваа година.