Македонската кошаркарска репрезентација на 20 февруари ќе го одигра првиот натпревар во рамки на квалификациите за пласман на ЕП, кога „црвено – жолтите“ во ВИП Арената „Борис Трајковски“ ќе ги одмерат силите против селекцијата на Естонија.

Селекторот Александар Тодоров смета дека за средбата со Естонија го има во моментов најоптималниот состав.

  • Ова е најоптималниот состав, имајќи го предвид здравствениот билтен и желбата на некои играчи. Навистина сум пресреќен што добив само еден негативен одговор од сите со кои разговарав. Исклучително важно за нас е да се подготвиме добро за натпреварот со Естонија, изјави Тодоров.

Капитенот Војдан Стојановски посакува подготовките да минат без повреди и непредвидени ситуации.

  • Денес почнуваме со тренинзи и мислам дека имаме доволно доста денови за да се припремиме за натпреварот со Естонија кој е доста важен за нас. Имаме еден пријателски натпревар во меѓувреме и се надевам дека сите ќе биде здрави и ќе покажеме се од себе“  – додаде капитенот на селекцијата истакна Стојановски.

КФСМ се потруди да им обезбеди соодветни услови за работа на репрезентативците.

  • Најважниот настан се ближи до реализација, се подготвувавме како федерација да обезбедиме најдобри услови што во моментов можеме и се надеваме дека тимот ќе биде задоволен. Успехот на репрезентацијата е успех на цела Македонија и се надеваме дека ќе се вратиме на големите европски натпреварувања. Ние сме повеќе концентрирани на натпреварот со Естонија, со кого го отвораме овој циклус. Сметам дека сме подобри и имаме реални шанси да победиме. Го одложивме и Купот за да бидеме повеќе посветени на репрезентацијата, рече на денешната прес-конференција спортскиот директор Тодор Гечевски.

ФОТО: Петр Стојановски