Швајцарскиот тенисер Роже Федерер, работи на својот кам-бек на терените. Тој сака што е можно порано пак да заигра тенис на големите турнири, а освен тоа што зборуваше за неговото враќање, зборуваше и за остварувањето на светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, оваа сезона.

– Можам да кажам дека зад мене е најлошото, сега се радувам на сè што следи. Кога заздравувате од повреда, секој следен ден е подобар од претходниот. Ќе биде предизвикувачки да се вратам на терен. Сакам тоа да се случи што е можно порано.

Тоа што го направи Ѓоковиќ е лудо. Календарскиот слем можеби и ќе се случи, тоа може да се повтори. Потребно е и малку среќа, ама мора да бидете упорни и да имате сила, изјави Федерер.

Најдобриот тенисер во светот, додека неговите најголеми ривали Шпанецот Рафаел Надал и Швајцарецот Роже Федерер се мачеа со повреди, ги освои Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон, но испушти шанса да дојде до „Календарски слем“. Иако во финалето на САД Опен имаше шанса да ги обедини сите четири големи трофеи, на патот му застана Русинот Данил Медведев.