Тоа е ср*ње!

101

Новиот капитен на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, експресно ги негираше тврдењата дека клупската соблекувална е поделена и дека има бунт поради одлуката тој да биде капитен на „топчиите“.

Само за потцетување, Гранит Џака остана без капитенската лента откако влезе во вербална војна со навивачите за време на првенствениот дуел против екипата на Кристал Палас. Швајцарскиот интернационалец беше заменет на почетокот од второто полувреме, а пред да го напушти зелениот терен го соблече дресот и влезе во конфликт со навивачите кои го навредуваат веќе подолг временски период. Освен што ја загуби капитенската лента, Џака од тој натпревар нема заиграно за Арсенал.

Пред почетокот на новата сезона, фудбалерите сами одлучија кој ќе биде капитен, но после големиот инцидент со Џака, менаџерот Унаи Емери, самиот одлучи кој играч ќе ја добие капитенската лента.

Англискиот таблоид „Athletic“ тврди дека таквиот потег на шпанскиот стручњак не им се допаднал на играчите.

Поголемиот дел од фудбалерите и понатаму не се во добри односи со Обамејанг поради неговиот однос со навивачкиот YouTube канал AFTV. Габонскиот интернационалец често ги лајкува објавите на тој канал, како таа дека Емери треба да добие отказ.

  • Само што стигнав во Габон и веднш слушнав некакво ср*ње! Ќе разговарам со кого сакам и кога сакам, а ако има такви кои нема да бидат среќни поради тоа, веќе знате што мислам, напиша бомбардерот на Арсенал на својот Инстаграм профил.