Тоа го може само Ибракадабра

114

Актуелниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Жозе Мурињо, во минатото беше предводник на италијанскиот калчо гигант Интер, каде што соработуваше и со најдобриот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ. Во последното интервју кое го даде за „Tencent Sports“, трофејниот португалски стручњак се обиде да објасни зошто Ибракадабра е толку посебен фудбалер.

  • Фудбалската игра е спорт кој бара посебна физичка подготвеност. Еден човек, кој има 40 години, не може да каже дека го има истиот капацитет каков што има човекот со 20 или 30 години. Тоа не се однесува само на Златан Ибрахимовиќ. Треба да размислувате правилно кога е во прашање тренингот. Знаењето и искуството можат многу да ви помогнат да се развивате во вистинската насока, изјави „специјалниот“.

Иако има 39-години, Ибрахимовиќ и понатаму игра на највисоко можно ниво. На девете натпревари кои ги одигра во актуелната сезона, шведскиот интернационалец постигна девет погодоци во дресот на италијанскиот калчо гигант Милан кој благодарение на неговата ефикасност после седум одиграни кола е лидер во Серија А.