Во шоуто “Никогаш не е доцна“, Тијана пријатно ме изненади, ми даде 12 поени!

186

Беше многу успешна учесничка на популарното ТВ-шоу “Никад није касно“ во Белград, но таму не победи. Атрактивната Кристина Бела својот прв спот го сними во Охрид за ИН-Продукција. Во спотот се убавините на Охрид, а песната се вика “Хаљина чежње“ и испеана е на српски јазик. По социјалните мрежи и порталите имаше многу коментари дека Кристина требало да биде победник на тоа шоу, а занимливо е тоа што Кристина од Тијана Дапчевиќ доби најмногу гласови и пофалби.
-За жал, завршив на шестото место од тринаесет натпреварувачи. Но, јас победив во срцето кај народот. Тијана беше прекрасна низ целото натпреварување. Искрено ме изненади кога ми даде 12 поени велејќи ми: ”За фантастичната пејачка Кристина Бела – 12 поени”!!!