Тијана: „Не може секој да има бели заби „керамика Младеновац“!Публиката ја моли пејачката да оди на стоматолог

195

Ако треба и силно ќе зинам за да имате подобар поглед на моите долни заби. Среќни сте, сега? Еднаш засекогаш оставете ме на мира! Ги сакам моите неправилни заби, токму вакви искривени, бидејќи често добивам забен камен, емотивно и духовито возврати Тијана 

-Што мака имате вие некои да се грижите за моите заби, а?  Забележав дека ја имате маката, неопислива потреба да ми напишете: „Тијана, среди си ги долните заби“. Еве, сега, веднаш. Тие мои нерамни и неправилни долни заби се мој заштитен знак.  Проблемот е што често добивам забен камен. Кога ми се појавува изгледа како да немам заби, како да е тоа нешто најстрашно, налутено објаснува пејачката Тијана Дапчевиќ екс-Тодевска, на која публиката ѝ коментира поради лошите заби.

Таа вели дека желбата на загрижените нема да им ја исполни.

– Подолго време читам секакви коментари за моите заби и навистина не можам да им се изначудам на луѓето кои покрај толку свои проблеми се занимаваат и со моите. Срамота невидена е тоа. Нека ми дозволат да бидам неправилна со забите. Извинете, но не може секој да има бели заби „А1“ или „керамика Младеновац“. Еве, ако треба и силно ќе зинам, вие да имате подобар поглед на моите долни заби. Среќни сте, сега?

И еднаш засекогаш, оставете ме на мира! Ги сакам моите неправилни заби, токму вакви искривени, емотивно објасни Тијана на која очигледно не ѝ сеедно што  народот во своето слободно време се грижи за тоа зошто Тијана не сака да оди кај забар, да си ги поправи забите. Сепак, популарна личност е, која многу често е пред камерите. Можеби Тијана и ќе попушти и ќе ги среди забите.                                            Особено сега, пред својот настап идниот месец на српскиот избор за Песна на Евровизија 2023. (Д.М.)