Тирамису со шумско овошје

211

Овој карактеристичен италијански десерт во самото име го носи чувството што го предизвикува уште од првиот залак „Расположи ме“. Токму затоа и не зачудува фактот што класичниот рецепт е заснован на омилениот италијански пијалак кој за Италијанците навистина предизвикува моментно расположување уште од првата голтка – кафето.

Ама, кога врвните мајстори на кујната ќе добијат инспирација, и традиционалниот рецепт добива многу варијанти и нови торти и десерти.

Да останете во чекор со времето, макар и од дома, посветете му го викендот на ова освежително, овошно тирамису, кое ќе евоцира мирис на шумски прошетки, и замислени авантури.

Потребно е:

  • 20 пишкоти
  • 1 ½ шолји крем за матење
  • 225 г маскарпоне
  • 1 шолја бел шеќер
  • 1 лажиче ванила
  • 5 лажици ликер од малина
  • 2/3 шолја џем од јагоди
  • 11/2 шолји исечкани јагоди
  • 1 полја малини
  • ½ шолја боровинки

Приготвување

Подмачкајте го садот во кој ќе го редите колачот. Наредете половина од пишкотите на дното и од страните. Во голем сад, изматете го кремот за матење додека да се добие убав, стегнат шлаг, околу 3-4 минути. Додадете го маскарпонето, ½ шолјa шеќер, екстракт од ванила,2 лажици ликер од малинка. Матете додека да добиете фин крем. Во друг сад измешајте ги џемот од јагоди со преостанатиот ликер.

Во посебен сад измешајте ги овошјето и преостанатиот шеќер, убаво да се покрие, да може полека да му излезат соковите.

Премачкајте половина од кремот преку пишкотите, измазнете со шпатула. Одозгора намачкајте половина од џемот, со вилушка притиснете џемот да навлезе во кренот. Најодозгора ставете половина од овошјето. Повторете ја постапката, почнувајќи со пишкоти, крем, џем, па овошје.

Покријте го овошното тирамису и оставете го во фрижидер најмалку 4 часа. Послужете го студено.