Тинејџер убил наставник и повредил уште пет лица

32

Тринаесетгодишен ученик денеска смртно избодел 71-годишен наставник и повредил тројца други наставници и двајца ученици во државно училиште во Сао Паоло во Бразил

Петтемина повредени се хоспитализирани и се во стабилна состојба.

– Осомничениот напаѓач е приведен и е под истрага на воената полиција.Немам зборови да ја изразам мојата тага поради веста за нападот врз учениците и наставниците во државното училиште Томаси Монторо во Вила Соња. Еден 13-годишен тинејџер е веќе уапсен и нашите напори се насочени кон помош на повредените и утеха на нивните семејства, напиша на Твитер гувернерот на Сао Паоло, Тарцизио Фреитас.