Тинејџерки мачеле девојче (13): Ја удирале и и гаснеле цигари по лицето – се снимале со телефон

153

Неколку девојчиња на возраст од 13 до 16 години претепале и понижиле 13-годишно девојче во Хајде во областа Дитмаршен во Германија. Злосторствата биле снимени на телефон, изјави портпаролката на полицијата.

Меѓу другото, девојката била удирана по носот, а врз главата и била истурена пепел од цигара. Како што е наведено, на видеото се гледа дека додека девојката се обидува да стане, една од напаѓачките вика: „Седни и моли ме. Нема да те пуштам така лесно“.

Според зборовите на мајката, на образот и биле изгаснати цигари, а косата и била запалена. Како што е наведено во кривичната пријава, голготата на девојчето ја прекинал случаен минувач.

Инцидентот во полиција бил пријавен на 21 февруари, а истрагата е во тек.

Портпаролката на полицијата не сакаше да коментира дали девојките претходно правеле проблеми.