Откако трагично го загуби својот син пред две години и се пензионираше, поп ѕвездата се повлече од музиката. Сега со ремиксот на хитот „What’s Love Got To Do With It“ и соработката со младиот диџеј  Кајго, тој ја објави оваа вест на својот инстаграм-профил, со фотографија на која позира со славната пејачка.

Фото: Инстаграм

– Сè уште не можам да верувам дека ја остварив оваа соработка со Тина Тарнер и дека сите ќе можат да ја слушнат во петок песната. „What’s Love Got To Do With It“ е една од моите омилени композиции на сите времиња и изгледа нереално што имам можност да соработувам со таков легендарен уметник, напиша Кајго.