Словенечката скијачка Тина Мазе ја заврши спортската кариера во 2017 година, но со години успешно управува со деловниот свет.

Една од најдобрите скијачки на сите времиња е подеднакво успешна во бизнисот што го прави веќе три години. Според јавно достапните податоци, со оглед на тоа што компанијата е основана во 2006 година, таа забележа нето профит од скоро 2.7 милиони евра, но е сосема јасно дека во последните години и по завршувањето на својата спортска кариера, биснисот енормно почна да и опаѓа.

Само минатата година, на пример, забележа приход од 120 илјади евра, од кои 10.000 евра профит, што е значително помалку од 2015 година, што следуваше по незаборавните Олимписки игри во Сочи.

Мазе во рускиот град доби две злата, а очигледно овие успеси беа многу добро препознаени и во деловниот свет, бидејќи забележа профит од 743.000 евра следната година.