EPA/MELCHERT HARRY

Американскиот автомобилски гигант Форд ја потврди својата намера да се врати во Формула 1, штом новите правила за моторот ќе бидат усвоени во 2026 година. Форд беше дел од „најбрзиот циркус“ од 60-тите години и во партнерство со британската компанија „Косворт“ оствари 155 победи на 262 трки во периодот од 1967 до 1985 година.

EPA/HARRY MELCHERT

Од првата титула на мотор на Форд, во болидот Лотус управуван од Грем Хил во 1986 година, до титулата на Михаел Шумахер во Бенетон во 1994 година, Форд учествуваше во 10 титули за конструктори и 13 шампионски кога се во прашање возачите. Со ваквите успеси тој стана третиот најдобар производител на мотори во историјата на Формула 1.

Форд сè уште нема потврдено дали ќе се врати како дел од постојниот тим (а се шпекулира дека би можел да соработува со Ред Бул) или ќе започне свој тим.

Поминаа речиси две децении од последното учество на Форд во Формула 1, во 2004 година, а со најавата за промени во правилата за формирање на мотори (од зголемена електрична енергија до употреба на 100 отсто обновливи горива), ќе пристигне и нов производ на американската автомобилска индустрија.

  • Веста дека Форд се враќа во Формула 1 од 2026 година е одлична за нашиот спорт и возбудени сме што ќе ги видиме повторно, изјави извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали.