Тимот на ДЗС и полицискиот лабрадор Клеа во потрага по преживеани во земјотресот во Албанија

75

Припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување и полицискиот лабрадор трагач Клеа се ангажирани во Драч во потрага по преживеани во урнатините во земјотресот.

– Двесет и четиричасовна работа, непрекинати акции за пребарување и спасување на исчезнати, неуморни припадниците на тимот на ДЗС и МВР заедно со лабрадорот трагач Клеа, велат од ДЗС.

Според последните информации од терен, бројот на загинати во земјотресот во Албанија се искачи над 40, а над 700 се повредени.

Освен тимот од 42 припадника од ДЗС во Албанија на помош се испратени и четвроица скопски пожарникари со двајца експерти од Град Скопје опремени со дронови со термални камери.