Започнуваме подготовки за четврта трансплатација на срце. Тимот спремен и мотивиран како и секогаш, напиша вечерва министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

Донорот е 44- годишна жена од Скопје, која починала од мозочен удар. Како што објави Канал 5, најверојатен примател на срцето е маж, а допрва ќе се знае кој ќе бидат примателите на бубрег.